Пуслици (целуфки)
Правевме дома дупла доза ДОМАШЕН МАЈОНЕЗ, па останаа 4 белки. Ми се јадеа орасници, ама немаше ни зрнце ореви по дома и ми текна на пуслиците на баба ми што порано ич не ги сакав. Многу просто, не беа од чоколадо и не беа сладолед =))
Екстремно се лесни и брзи за правење, а бидејки се суви траат долго. За чување се чуваат затворени, да не ги фати влага.
Рерната се вклучува на 100 степени. Доколку имате рерна со вентилатор, ова е рецептот за кој што ќе ја употребите таа опција.
Белките се ставаат во сад, се додава солта, ванилиниот шеќер и шеќерот и се мати на најголема брзина. Јас имам од оние миксери со сопствено садче кое се врти, па ставив се во садот и седнав да гледам телевизија (мрцина сум бе па што) =)).
По од прилика 15-20 мин, белките беа тврд, дури и леплив шлаг, а шеќерот стопен. Тогаш е готово.
Од оваа доза јас направив половина обични бели целуфки, а на другата половина ѝ додадов една лажица какао. Ова со какаото го правев на тепка и супер излезе.
Јас немам шприц за крем, па формата на пуслиците ја правев со голема лажица. Се црпнува од смесата и се става на хартијата за печење, со од прилика еден прст растојание меѓу две целуфки. Нараснуваат малку при печење.
Се пече окулу 1ч на температура од 100 степени, ОБАВЕЗНО во загреана рерна, бидејки стрина ми рече можеле да спалснат ако рерната не е загреана. Искусила де.... =))
Ако немате опција вентилатор на рерната, од време на време отворете ја вратичката да излезе влагата.
За додаваањето работи по желба
Доколку сакате да додадете какао, кокос, цимет, ореви, боја за тесто (особено ако имате деца дома) со постепено мешање со лажица ги додавате од како белките ќе станат тврд шлаг.
Лиценца: Криејтив Комонс - Наведи извор - Некомерцијално - Сподели под исти услови
Sreken rodenden, togas. Najubavi zelbi od mene :))
Pa i puslica ke si se pocastam, bez kakao :))
eve L;UDO puslici ili pufki gi pravam isto samo jas kapnuvam i po nekoja kapka ocet
Mojata baba redovno gi pravese i toa gi matese so dve viluski a gi pecese na hartija vo rerna
i na kraj-Srecen rodenden!!!
pozdrav
не сум до толку мрзлива за да славам роденден без свeќички. ако нема свеќички, не е роденден. просто :) :) :) :)
тоа што маја го виде на фејсбук не е вистински роденден. тоа е датата на која се запознавме со шеќерко кога бевме мали. љубовен роденден е тој, ама ние си го славиме :)
инаку пуслиците беа успешни. однесов и кај комшии и испаднав фраерка. во овој крај пуслици не се правеле и сега сум главна манга во село. се договоривме со комшиката да ѝ правам за слава :) :) :) :)
женки мои, фала ви што сте собрани тука. многу ми е убаво со вас :)
cestitki od srce
Na mene najtestko mi e da napravam vakvo nesto, predpostavuvam ne go ispocituvam do kraj sovetot na strina ti,
Cestitki za RD!!!
клара, смее, дојди. имаме место и дома и за шатор во двор ако сакаш. син ти не верувам дека ќе ги бендиста. монотон вкус имаат, ама ќе ги прелиеме со чоколадо за камуфлажа :) :) :) :)
љиљо, стрина ми е ептен домаќинка. мислам дека се родила таква и никој не ја учел. вистинска набивачница на комплекси е :) :) :) :)
ели4ка, тања, светле, санди, лили - тенкју, фала, данкешен....мислам дека на толку јазици знам да се правам важна :) :) :) :)
Srekno gotvenje :))
супер апарат. ние имавме таков сличен, му го дадов на братучед ми кога го купивме професионалниот и после сфативме дека всушност тој беше најдобриот на цел свет. не премногу голем, со опција за снимање, лесен. професионалниот е теѓок 2 кг без објектив, нема опција снимање, треба да ја влечкаме цела торба со објективи со нас....и затоа сликаме како идиоти цело време со мобилни :) :) :) :)
да види баба ми дека не сум само јас, а лили е фенси битолчанка :) :) :) :)