Гнезда од кајмаци (целуфки, пуслици)
Кајмаците (целуфки, пуслици) често ги правам на вообичаениот, оригинален начин, но овојпат ги подготвив на поинаков начин со додавање на уште неколку состојки кои мислам дека ги направија уште поубави и освежителни за овие летни горештини.
Подготовката е на следниот начин
1. Најпрво ги матиме белките со оцедот.
2. Кога ќе почнат да се згуснуваат почнуваме да го додаваме постепено шеќерот. Количината на шеќерот ја одредуваме според тежината на белките - соодносот е 1 (белки) спрема 2 (шеќер)
3. Се мати на најјака брзина се додека не се постигне потребната цврстина...околу 20 минути.
4. Ги формираме гнездата врз хартија за печење.
5. Се печат 1 час во загреана рерна на 100 степени.
6. Откако ќе помине 1 час, ги оставаме гнездата во рерната (исклучена) до потполно ладење.
7. Шлаг кремот се подготвува според упатството, се полни во готварски шприц и ги декорираме гнездата.
8. За дополнителна декорација употребив малини, јагоди и рендано бело чоколадо.
Забелешка (совет)
Белките е најдобро да бидат на собна температура.
За успешно матење на кајмаците потребно е садот кајшто ќе матите да го пребришете со оцет.
Лиценца: Криејтив Комонс - Наведи извор - Некомерцијално - Сподели под исти услови