Пржени тиквички во сос од црвени домати
Едноставо посно јадење.
Тиквичките се мијат, лупат, сечат на кругчиња и се пржат во загреана мрснотија од двете страни, се вадат на кујнска хартија.
Додека се пржат тиквичките, ги посолуваме од едната и другата страна.
Во истата мрснотија ја пропржуваме ситно сецкана пиперка, го додаваме брашното и тоа убаво се пропржува. На тоа ги додаваме претходно доматите (со средна големина) изредани на покрупната страна од рендето.
Се убаво мешаме да се соедини, изедначи, додаваме малку шеќер, посолуваме и наросуваме со мелен црн пипер, го додаваме и ситно сецканото чешне лукче...
* Можи да се користи исто и доматно пире...
Пријатен апетит!!!!
Лиценца: Сите права се задржани