Во длабок сад ги матиме јајцата, ги додаваме киселото млеко, маслото, газираната вода, пченкарното брашно, гризот, брашното и пецивото и мешаме додека смесата не се соедини.
Вдлабнатините во калапот за печење ги намрсуваме со масло и ги набрашнуваме со преостанатото брашно. Ги полниме вдлабнатините со смесата, калапот го ставаме во загреана рерна и печеме на 200 Ц. 30 мин.

На крупната страна од рендето во длабок сад ги рендаме сирењето и краставицата. Чешнето лук и магдоносот ситно ги сечкаме и ги додаваме во садот. Калапот го вадиме од рерна и ги вадиме испечените мафини од вдлабнатините. Го отсекуваме капакот на секоја мафина, а долните делови ги длабиме со вилушка. Издлабениот дел ситно го сечкаме и додаваме во длабокиот сад. Ги додаваме киселата павлака и мајонезот и го промешуваме филот. Со филот ги полниме длабнатините на мафините и врз него странично ги ставаме отсечените капаци. Одозгора ги декорираме со кечап.
Од оваа смеса излегуваат 21 корпа.

Фотографиите во овој рецепт се авторски фотографии.

Лиценца: Криејтив Комонс - Наведи извор - Некомерцијално - Сподели под исти услови