Погачици со кори
Овие погачици или питички со кори, се најмеките, најсунгерести, од сите рецепти со кори кои досега сум ги правела. Дома многу ги бендисуваат, а знаете... имам полна куќа критичари!
Млакото млеко, шеќерот, солта, квасецот и маслото се мешаат со лажица и смесата се остава 15 минути да стаса. Со оваа смеса се премачкуваат корите. По три кори, на последната се реди филот (урда во која сме додале една белка). Се виткаат во ролат. Се ставаат во намрсено или во тавче што не лепи. Се мачкаат со жолчка, па се посипуваат со сусам. Се сечат на колкава должина сакаме да бидат. Се печат на 200 степени. Откако ќе се испечат се покриваат со крпа.
Забелешка
Одберете квалитетни кори за пита...баклава (нели има и машински правени... шушкави...)
На последната кора ставив и виршли...вкусни беа.
Можете да ставите и спанаќ, измиен, изгмечен со сирење или сирење со салама, да ставите ким врз нив....и што па пишувам јас...си знаете Вие!!!
Лиценца: Криејтив Комонс - Наведи извор - Некомерцијално - Сподели под исти услови