5
апр
2013
Невообичаен начин на печење компир
Компирот се лупи и се става во тенџере, се налева со вода да ги опфати компирите и еден прст над нив. Се стават коцките од мраз и солта се остава да отстојат пет минутки компирот да го испушти скробот, потоа го вадиме мразот ако останал и ги ставаме на загреена рингла 3 минути. Ја расипуваме водата и додаваме мешан зачин. Во тавата го ставаме маслото и низ целата тава го посолуваме рузмаринот и исецканите чешчиња лук. Го редиме компирот го посипуваме со бибер. Печеме во загреена релна на 220 степени околу 40 до 50 минути.
Лиценца: Криејтив Комонс - Наведи извор - Некомерцијално - Сподели под исти услови