17
мај
2018
Компир салата на мој начин
Еве еден предлог од мене како промена на класичната компир салата. Вметнав малку свежи состојки и добив одличен краен резултат.
Најпрвин ставете ги компирите да се варат.
Сварете го и цвеклото.
Сварените компири излупете ги и грубо испасирајте ги.
Марулата и зелката ситно исецкајте ги и додајте ги во чинијата со компири.
Ротквиците исечете ги на тенки кругови и нив додајте ги во чинијата.
Додајте го и сецканиот млад кромиид и моцарелата исечена на мали коцки.
Зачинете со сол, бибер, масло и јаболков оцет.
Измешајте убаво.
На крај додадете го цвеклото исечено на мали коцки и сварените јајца исечени на половинки.