Еве еден предлог од мене како промена на класичната компир салата.
Вметнав малку свежи состојки и добив одличен краен резултат.

Најпрвин ставете ги компирите да се варат.
Сварете го и цвеклото.

Сварените компири излупете ги и грубо испасирајте ги.
Марулата и зелката ситно исецкајте ги и додајте ги во чинијата со компири.
Роквиците исечете ги на тенки кругови и нив додајте ги во чинијата.
Додајте го и сецканиот млад кромиид и моцарелата исечена на мали коцки.

Зачинете со сол, бибер, масло и јаболков оцет.
Измешајте убаво.
На крај додајте ги цвеклото исечено на мали коцки и сварените јајца исечени на половинки.

Фотографиите во овој рецепт се авторски фотографии.

Лиценца: Сите права се задржани