Овој рецепт е лесен и брз начин да подготвите ручек, а да е различно од стандардната компир манџа. Јас често го подготвувам бидејки е едно од омилените јадења на мојот сопруг.

На загреано масло го запржувате ситно исечканото лукче и ситно исцеканиот кромид. Кога ќе омекнат се додава меленото месо и убаво се запржува. Во меѓувреме ги лупите и на коцки ги сечите компирите и ги додавате во месото за да се запржат малку и тие. Додавате зачин, сол, ловор лист, бибер и додавате вода колку да го покрие компирот. Треба да излезе густо, не водлесто, така да не додавајте многу вода. Откако компирот ќе се свари, се додава павлаката (може и јогурт, ама јас преферирам павлака) и ситно исецканиот магданос и оставате да повари уште 5-10 мин. Цело време работите на средна темература, да не врие многу силно.
И доколку компирот ви е од оној тип што излегува како сапунче не се раскашавува, тогаш ви препорачувам да додадете и 1-2 лажици инстант пире.
Добар апетит

Лиценца: Криејтив Комонс - Наведи извор - Некомерцијално - Сподели под исти услови