23
јун
2014
Ловечки пилешки шницли
Еве предлог за вкусен и брз ручек
Најпрво пилешкото месо исечете го на парчиња по ваша желба.
Секое парче извалкајте го во брашно.
На загреано масло се пропржуваат парчињата месо.
Се вадат во тајнир.
На истата маснотија се пропржуваат морковот и кромидот 2-3 минути.
Се додава месото, зачините и се налива со вода колку да се покрие месото.
Се остава да крчка, од брашното ќе си добие само густина и пред крај се додаваат шампињоните.
Со прилог по желба ете вкусен ручек.
Лиценца: Сите права се задржани