1. Стекот се сечка на мали парченца и се пропржува на малку маслиново масло или пак се пече на плотна
2. Рибанките леб се печат,  да се исушат целосно, (а може да се користат и готови кубети) и потоа се сечкаат на мали коцкички - кротони
3. Во една поголема чинија за сервирање се дроби марулата и се посолува
4. Врз неа се реди парчињата стек и парчињата кротони
5. Димениот свински врат се сечка ситно и се распоредува врз марулата
6. Варениот грашок и пченка се распоредуваат врз салатата (јас овој пат не ставив грашок и пченка а инаку ги обожавам)
7. Се полева со маслиново масло
8. Павлаката, мајонезот, сенфот и јогуртот заедно со кари зачинот се промешуваат и со оваа смеса се полева низ целата површина на салатата
9. Се ренда кашкавалот одозгора
10. Се посипува пармезанот низ целата салата
11. Најозгора се става за декорација доматот, краставицата и вареното јајце исечкани на парчиња
12. На крај полевам со балсамико оцет за подобар вкус

Фотографиите во овој рецепт се авторски фотографии.

Лиценца: Сите права се задржани