Цезар салата на мој начин
Состојки
- неколку листови марула, или срцевината од една марула (како што користев јас) или може и листови кинеска зелка
- 200 гр пилешки стек
- 3 парчиња сув леб (може и кубети едно пакетче)
- 70-80 гр димен свински врат или димена сланина
- 20 гр пармезан рендан
- 30 гр кашкавал
- 3 лажици мајонез
- 2 лажици павлака
- 100 мл јогурт
- 1 лажиче сенф
- малку кари зачин
- по вкус сол
- малку маслиново масло
- малку оцет балсамико
- 1 варено јајце
- 1 домат
- 1/2 краставица
- 1 рака варена пченка,
- 1 рака варен грашок
Подготовка
1. Стекот се сечка на мали парченца и се пропржува на малку маслиново масло или пак се пече на плотна
2. Рибанките леб се печат, да се исушат целосно, (а може да се користат и готови кубети) и потоа се сечкаат на мали коцкички - кротони
3. Во една поголема чинија за сервирање се дроби марулата и се посолува
4. Врз неа се реди парчињата стек и парчињата кротони
5. Димениот свински врат се сечка ситно и се распоредува врз марулата
6. Варениот грашок и пченка се распоредуваат врз салатата (јас овој пат не ставив грашок и пченка а инаку ги обожавам)
7. Се полева со маслиново масло
8. Павлаката, мајонезот, сенфот и јогуртот заедно со кари зачинот се промешуваат и со оваа смеса се полева низ целата површина на салатата
9. Се ренда кашкавалот одозгора
10. Се посипува пармезанот низ целата салата
11. Најозгора се става за декорација доматот, краставицата и вареното јајце исечкани на парчиња
12. На крај полевам со балсамико оцет за подобар вкус