Испечати

Компир салата на мој начин

Компир салата на мој начин

Состојки

  • 250 гр компир
  • 125 гр моцарела
  • 1 рака ситно сецкана зелка
  • 2 млади кромитчиња
  • 4 јајца од препелица
  • 5 листа марула
  • 5 ротквици
  • 1 главица цвекло
  • по потреба сол, бибер, масло, јаболков оцет

Подготовка

Еве еден предлог од мене како промена на класичната компир салата. Вметнав малку свежи состојки и добив одличен краен резултат.
Најпрвин ставете ги компирите да се варат.
Сварете го и цвеклото.
Сварените компири излупете ги и грубо испасирајте ги.
Марулата и зелката ситно исецкајте ги и додајте ги во чинијата со компири.
Ротквиците исечете ги на тенки кругови и нив додајте ги во чинијата.
Додајте го и сецканиот млад кромиид и моцарелата исечена на мали коцки.
Зачинете со сол, бибер, масло и јаболков оцет.
Измешајте убаво.
На крај додадете го цвеклото исечено на мали коцки и сварените јајца исечени на половинки.