Лесен начин на печење мелено месо
Во меленото месо додадете ги јацата, изрендан кромид, сол, бибер и зачините и убаво измесите со рака.
Намрсите тава со пречник 24 см и расплескајте го меленото месо, од горе премачкајте со мајонез и нарендајте го кашкавалот .
Печете на 220 степени 30 минути со одозгора покриено со фолија, а потоа отстранете ја фолијата и печете уште толку да се запече од горе да добие кафенкаста боја. Готово исцедете ја мрснотијата што ја има пуштено и оставете да се излади, а потоа исчете на парчиња.
Да го збогатите вкусот после мајонезот можете да додадете еден слој маринирани шампињони, па потоа да нарендате со кашкавал.
Лиценца: Криејтив Комонс - Наведи извор - Некомерцијално - Сподели под исти услови
Srekni praznici!!!