Лесен Руски Медовик
Секогаш гледам да фатам покусиот пат - така и со овој Руски Медовик, кој со право си го носи името Лесен Медовик... по предлог на Веси Казакова јас го направив, а зошто пак да не и вие... еве постапката
1. Најрпво ќе ја спремате кремата
За да добиете 800 гр. млеко, потребно е околу 1200 гр. кисело млеко кое ќе го ставите во газа и оставете нека се цеди.
2. Додека се цеди млекото, спремајте корите-
- измешајте го брашното со циметот, солта и содата.
- На пареа изматете ги јајцата со шекерот да постане пенесто, додајте го маргаринот и медот, - миксајте додека се стопат и соединат. Тргнете го садот и сега додајте го брашното- измашајте да добете хомогена смеса.
3. Смесата е скоро течна, поделете ја на два еднакви дела.
4. Во тавчето од шпоретот во големина од 38х40 см. ставете хартија за печење, излијте го едниот дел - со шпатула измазнете. Ставете да се пече во предходно загреана рерна на 180 степени. Внимавајте да не препечете.
5. Останатиот дел за втората кора вратете го над садот со топлата вода со кое нешто ќе ја задржите коизистенцијата на самото тесто, да не ви олади (тешко потоа ќе го излиете). Кога првата кора е печена, излијте го вротиот дел, повторете ја предходната апостапка.
6. Расечете ги печените кори по должина за да добиете 4 кори. Краевите исецете и израмнете ги.
Филување
1. Во исцеденото млеко ставете го шеќерот, измешајте. Поделете го и филот на еднакви делови и филувајте три кори, а четвртата изронете ја и обилно ги посипете зидовите од добиениот колач, а горната површина посипете со измешани сецкани ореви и чоколадо - посипете.
- Пожелно е да одстои 2-3 часа по што ке бидат споени сите вкусови.
Забелешка
1. Наместо кисело млеко имав кисела павлката и јас за филот искористив околу 1 кгр. која исто така ја ставив да се цеди. Навидум изгледа дека е густа, но сепак е потребно да се процеди.
2. Бидејки добив повеќе фил, јас ги ставив сите четири кори, а од исечените краеви направив трошки и истите ги искористив за посипување.
3. Наредниот ден од како сте го направиле е сосема добар за служење..корите омекнале, вкусовите се споиле. Можеби ви изгледа малку шеќер за во филот - но верувајте дека е доволно.
4. Наместо кафен шеќер можете да ставите и обичен кристал бел шеќер.
5. Во оригинал рецептот било да се пече во округла форма модла бр.24 - исто така се печат 4 кори, па и јас како Веси... по краткиот пат, полесно да ми биди, - печев во четвртаст плех.
Лиценца: Сите права се задржани
Само едно прашање во врска со филот. Дали е подобро да се употреби покисела павлака или некоја понеутрална? На пр: Битолска или Зелене долине?