Оваа торта некои ја сметаат за најубава....
Изгледа импресивно кога ќе ја ставите на маса, а уште повеќе кога ќе исечете парче.
После неколкукратно испробување и менување, застанав на оваа варијанта. За мене вака е најубава, а можеби и вам ке ви се допадне.
За Лиле, зошто нејзе и е нај....

Во едно мало тенџерче на тивок оган растопете ги путерот, медот и шеќерот, додека не добиете хомогена смеса без кристали. Нека се пролади до млако и со жица измешајте ги јајцата во медената смеса.
Во еден поголем сад помешајте ги двата вида брашно со содата, додајте ја смесата од мед и замесете фино нелепливо тесто. Не додавајте брашно, мерата е точна, освен ако не користите само меко брашно, тогаш е можна корекција. Сум правела и така, ама со оштро корите се побисквитни, со меко се потестести.
Од тестото помегу два листа хартија за печење расучете 21 кора со пречник 22 цм. Јас првично го делам тестото на 18 дела, развлекувам кора меѓу два листа хартија, ја сечам со обрач 22 цм и на крај од остатоците тесто правам уште три кори. Секоја кора ми останува на долниот лист хартија, ги редам една врз друга додека сите не ги направам и потоа само печам, по две во еден плех.
Загрејте ја рерната на 170 Ц.
Печете ги корите по неколку минути, 3-5 максимум, сосема малку да заруменат по рабовите.
Печени, заедно со хартијата редете ги една врз друга и чувајте ги покриени со крпа додека не ги испечете сите.
Оставете ги да се изладат.

За филот во еден голем сад ставете ги сите состојки и нежно измешајте ги со жица. Оставете во фрижидер. Не матете, само мешајте внимателно, ако треба и во 2 - 3 наврати, зошто од претерано агресивно мешање можи филот да ви се втечни.
На подлогата на која ќе ви стои тортата ставете обрач со пречник колку корите. Спуштете ја на дното првата кора. Филувајте ги корите со по 3-4 лажици фил измеѓу. Нафилувајте 20 кори, а врз последната не ставајте фил. 2 - 3 лажици фил оставете за да ги премачкате страните на тортата.
Оставете ја тортата во фрижидер да се стегни 2 - 3 часа. Извадете го обрачот. Останатата една кора изронете ја. Страните на тортата премачкајте ги со зачуваниот фил и обложете ги со ронките од кората.
Оставете ја тортата до утредента во фрижидер да се спојат слоевите и да се соедини вкусот.
Уживајте во комплиментите кои ќе ги добиете....

Фотографиите во овој рецепт се авторски фотографии.

Лиценца: Сите права се задржани