Медовик торта Посна редена торта
Се промешуваат киселата вода и шеќерот па во нив се додаваат маслото и сувите состојки. Смесата е густа и со кутлача ја распоредуваме на намрсена хартија за печење и ја печеме на превртено тавче во загреана рерна на 180 степени. Од смесата за една кора одвојуваме околу 2 кутлачи и печеме 7 кори. Една кора се пече околу 6 минути. За филот ставаме шеќерот со околу 50-70 мл вода да се растопи шеќерот па во него го топиме чоколадото. Ги ставаме на крајот мелените ореви, румот, кората од портокал и мармаладот. Промешуваме и малку ја ладиме смесата. Потоа секоја кора освен последната ја премачкуваме со филот и ги редиме една врз друга. За чоколадниот прелив ги ставаме на средна температура шеќерот и водата да почнат да вријат и да се стопи шеќерот, па го ставаме какаото . Мешаме досоединување па го ставаме чоколадото на крај да се растопи. Го додаваме и румот за арома. Со преливот ја залеваме цела торта и ја украсуваме по желба.