21
јул
2014
Лесен десерт од диња и јаболко
Дињата треба да е добро изладена.
Парчињата диња се блендираат заедно со 2 лажици лимонов сок и 1 лажица ѓумбир.
Се става во чаша.
Јаболките се рендаат, се става 1 лажица лимонов сок, добро се меша, па се процедува. Исцедените јаболки се додаваат над блендираната диња.
Чашата се дополнува со диња сечена на мали коцки.
Доволно благо и доволно освежително!
Совет
Задолжително ставете лимонов сок во јаболките, тоа ќе спречи да потемнеат.
Лиценца: Криејтив Комонс - Наведи извор - Некомерцијално - Сподели под исти услови
а сега кој е со рецептов, баба или Цуфка, не ми е јасно.....ако е баба, добредојде!
Поздрав