Еве еден брз десерт за посниве денови.

Подготовка
Во водата го ставаме оризовото млеко во прав, го промешуваме да се соедини и го загреваме до вриење. Го ставаме гризот, го вариме на тивко, па го заблажуваме со шеќер. Кога смесата ќе згусне, делиме дел од неа во која ставаме рогач. Мешаме на оган додека да се соедини.
Гризот го распоредуваме во чаши. Бел дел, делот со рогач, па мелена гранола, најгоре варен гриз.

Забелешка
Мелената гранола ја користам подолго време, зошто ми се допаѓа нејзиниот вкус. Таа е комбинација од мелени овесни снегулки, мелени јаткасти плодови и кафеав шеќер. Можете во замена за гранола да ставите мелени бисквити.

Фотографиите во овој рецепт се авторски фотографии.

Лиценца: Сите права се задржани