Испечати

Лесен посен десерт во чаша

Лесен посен десерт во чаша

Состојки

  • 500 мл вода
  • 6 лажици оризово млеко во прав
  • 5-6 лажици гриз
  • 4-5 лажици кафеав шеќер
  • 2 лажици рогач во прав
  • 2-3 лажици мелена гранола

Подготовка

Еве еден брз десерт за посниве денови.

Подготовка
Во водата го ставаме оризовото млеко во прав, го промешуваме да се соедини и го загреваме до вриење. Го ставаме гризот, го вариме на тивко, па го заблажуваме со шеќер. Кога смесата ќе згусне, делиме дел од неа во која ставаме рогач. Мешаме на оган додека да се соедини.
Гризот го распоредуваме во чаши. Бел дел, делот со рогач, па мелена гранола, најгоре варен гриз.

Забелешка
Мелената гранола ја користам подолго време, зошто ми се допаѓа нејзиниот вкус. Таа е комбинација од мелени овесни снегулки, мелени јаткасти плодови и кафеав шеќер. Можете во замена за гранола да ставите мелени бисквити.