Лесен десерт од диња и јаболко
Состојки
- 1/4 средно голема диња
- 4 јаболки
- 3 лажици лимонов сок
- 1 лажици мелен ѓумбир
Подготовка
Дињата треба да е добро изладена.
Парчињата диња се блендираат заедно со 2 лажици лимонов сок и 1 лажица ѓумбир.
Се става во чаша.
Јаболките се рендаат, се става 1 лажица лимонов сок, добро се меша, па се процедува. Исцедените јаболки се додаваат над блендираната диња.
Чашата се дополнува со диња сечена на мали коцки.
Доволно благо и доволно освежително!
Совет
Задолжително ставете лимонов сок во јаболките, тоа ќе спречи да потемнеат.