Одкостувањето на пиле и неговото полнење од секогаш ми бил предизвик. И можеби со ова не треба да се фалам дека сум си тутурутка ама навистина одсекогаш сакав да ја научам техниката. Така еден убав ден седнав на интернет и изгледав еден клип со една фина домаќинка која го среди пилето за десет минути. За нејзината вештина од десет минути ќе треба да изедеме едно десетина пилиња ама горда сум си и јас од мојот прв резултат.

Подготовка
Пилето на почеток добро го миеме, цедиме и сушиме. За одкостување на пиле најголема финта е ножот. Тука стапува мојот маж и неговата колекција од ловечки ножеви. Ви треба тенко оштро ноже за да може да навлегувате длабоко во крилата и батаците на пилето и полека да го оделувате месото од коската.
На почеток ги сечеме крилата на половина не до крај истити го правиме и со батаците. Пилето го ставаме на грб и почнуваме со градите кои ги сечеме на средина. Полека со ножот сечеме до коска и го вадиме белото месо од двете страни.
Со ножето ги оделуваме коските од батаците и крилата го вртиме на гради и го оделуваме и грбот. Тука има најмалку месо повеќе е кожа и најповеќе треба да се внимава.
Откако во глобала ги извадивте сите главни коски слободно со рацете поминете го целото пиле и проверете дали сте ги извадиле сите коски. Доколку нешто не ви е јасно слободно побарајте на интернет ќе ви биде колку толку појасно.

Полнење
Меленото месо го замесуваме со кромид, морков, магданос, буковец, мешан зачин, презла, бибер, оригано и јајце. На крај го додаваме покрупно сецканиот кашкавал и грашок, повторно замесуваме додека состојките не се соединат.
Пилето го полниме со подготвената смеса и го шиеме со готварски конец. Посолуваме и го мотаме во фолија печеме во ростер тава наполнета со вода до половина на тавата еден час и триесет минути на 180степени.
На почеток на печењето првите петнаесет минути нека се пече на 220степени и одма намалете на 180с. Откако го печевте еден час и половина извадетего од фолија и продолжете да печете на 180степени уште половина час.

Забелешка
Полнењето може да биде и по ваша желба има многу комбинација. Морам да напоменам околу сечењето мора да се излади за да се вадат убави парчиња. Се надевам дека моето првенче полнето пиле ви се допадна и ве охрабрувам доколку не сте подготвувале пробајте нема да се разочарате.
Ви благодарам многу за трпението и доколку нешто не сум ви јасна слободно прашајте ме.
Добар апетит!!!

Фотографиите во овој рецепт се авторски фотографии.

Лиценца: Сите права се задржани