Полнето печено пиле
Пилето го миеме и сушиме, па го посолуваме одозгора и во внатрешноста со мешан зачин, сол ,бибер или зачин по ваш избор.
Го подготвуваме филот.
Лебот го сецкаме на коцки и го полеваме со млекото оставаме малку лебот да омекне и додаваме исечкан лук и магдонос, сол и нарендано морско оревче. Јајцата ги матиме и ги додаваме кај лебот мешаме да се соедини смесата. Го земаме пилето, ги разделуваме бутовите под кожата за да можеме и таму да го полниме. Земаме од филот полниме во средината на пилето и во празнините кај двата бута. И го затвараме пилето со чепкалки или можете и да го сошиете. Го ставаме во кеса за печење. Печеме на 200 степени околу 90 минути.
Лиценца: Криејтив Комонс - Наведи извор - Некомерцијално - Сподели под исти услови