Водата се става да зоврие со зачинот. Одкако ќе зоврие се става оризот и се вари на средна температура со повремено мешање. Кога ќе впие водата се додава и виното и се вари додека испари течноста.
Оризот се остава да се излади, а потоа кон него се додаваат јајцата, биберот и брашното и смесата убаво се меша.
Се прават топчиња со големина колку орев и се валкаат прво во јајца, па во брашно и се пржат на загреан зејтин.
Доколку имате останато ориз од претходниот ручек (тава ориз) може да го искористите и него на ист начин.
Кон смесата може да се додаде сецкан магдонос .

Фотографиите во овој рецепт се авторски фотографии.

Лиценца: Криејтив Комонс - Наведи извор - Некомерцијално - Без адаптирани дела