Снежни топки (посно)
Кога сме кај постите, еве уште еден рецепт убав, брз, лесен.
Далеку сме од снегот,но јас ќе ви прикажам рецепт за снежни топки.
Требаше да испаднат малку повеќе бели, но кокосот што го имав беше ситен, па не се залепи многу при валкањето. Битно е дека се вкусни.
За подготовка на рецептов е потребно бананата да е стасана и мека. Ако не е тогаш ќе ставите две банани. Бисквитите ги мелите, па ги помешувате со кокосот и шеќерот во прав.Бананата ја сецкате на мали парченца и ја додавате во смесата.
Месите тесто. Јас ставив потврда банана, па месев малку потешко.
Од хомогената смеса формирајте топчиња кои ќе ги извалкате во кокос.
Служете веднаш или складирајте во ладилник за следна прилика,
Забелешка
Значи уште еднаш ќе напоменам дека за оваа количина, потребно е 1 мека банана или 2 тврди.
Со смесата можете да полните пралини бонбони. Погодна и лесна за изработка на тесо за тарт ако ја ставите во поголема количина.
На здравје постите.
Лиценца: Криејтив Комонс - Наведи извор - Некомерцијално - Сподели под исти услови
http://moirecepti.mk/post/%D0%B1%D0%BE%D0%BC%D0%B1%D0%B8%D1%86%D0%B8-%D1%81%D0%BE-%D0%B1%D0%B0%D0%BD%D0%B0%D0%BD%D0%B8
со тоа што во оваа основна комбинација можат да се прават и варијации на вкусот со додавање и на мелени ореви, бадеми, какао, чоколадо... :)
Но секако кај нас се прават, се јадат :)