Снежни топки (посно)
Состојки
- 1 банана
- 50 гр кокос
- 100 гр шеќер во прав
- 100 гр бисквити мелени
Подготовка
Кога сме кај постите, еве уште еден рецепт убав, брз, лесен.
Далеку сме од снегот,но јас ќе ви прикажам рецепт за снежни топки.
Требаше да испаднат малку повеќе бели, но кокосот што го имав беше ситен, па не се залепи многу при валкањето. Битно е дека се вкусни.
За подготовка на рецептов е потребно бананата да е стасана и мека. Ако не е тогаш ќе ставите две банани. Бисквитите ги мелите, па ги помешувате со кокосот и шеќерот во прав.Бананата ја сецкате на мали парченца и ја додавате во смесата.
Месите тесто. Јас ставив потврда банана, па месев малку потешко.
Од хомогената смеса формирајте топчиња кои ќе ги извалкате во кокос.
Служете веднаш или складирајте во ладилник за следна прилика,
Забелешка
Значи уште еднаш ќе напоменам дека за оваа количина, потребно е 1 мека банана или 2 тврди.
Со смесата можете да полните пралини бонбони. Погодна и лесна за изработка на тесо за тарт ако ја ставите во поголема количина.
На здравје постите.