Нанаимо барс
Нанаимо барс е популарен канадски десерт, кој името го добил по градчето Нанаимо во Бритиш Колумбија, а покасно неговата популарност се проширила и на целиот северноамерикански континент. Настанал во почетокот на педесетите години, но со тек на време претрпувал незначителни измени по количината на составот. Во 1986 год. градоначалникот на Нанаимо распишува конкурс за да се изгласа најдобриот рецепт за Нанаимо барс. Победува рецептот на Џојс Хардкастл, кој се прогласува за најоргинален рецепт за овој десерт.
Растопете ги путерот, шеќерот и какаото. Додадете го јајцето, предходно разматено и мешајте додека не се згусти смесата. Тргнете го садот од оган и вмешајте ги бисквитите, кокосот и бадемите. Истурете ја смесата во калап 20х20 и убаво набијте и израмнете.
За крем делот, убаво изматете го путерот и шеќерот. Постепено додавајте ја слатката павлака и на крај прашокот за пудинг. Матете некои 5 мин., односно додека смесата на стани кремасто воздушеста. Потоа, премачкајте ја врз подлогата и убаво израмнете. Оставете кратко време во фрижидер да се здрви, а во меѓувреме растопете го путерот со чоколадото. Премачкајте одозгора колку можите побрзо и повторно вратете го колачот во фрижидер убаво да стегни.
Исечете на мали правоаглести парчиња и ... уживајте!
*** Со овој рецепт, во оваа прилика, би сакала на сите со најубави желби да ви ја честитам Новата 2014 година, а во меѓувреме нека ви се весели Божиќните празници! Уживајте и бидете така цела година!
Лиценца: Криејтив Комонс - Наведи извор - Некомерцијално - Сподели под исти услови
Лили, совети и идеи се секогаш добредојдени. Во тоа е и убавината, кога ќе се принаучи уште нешто од нечие искуство. Ни јас не знаев дека постоел таков прашок, а прва прилика ќе си го набавам и тоа баш за ова колаче :) Ми дојде некако многу путересто спрема рецептот по кој се раководев, па намалив на путер и дуплирав доза на п. за пудинг, ама покасно се замислив зошто не додадов и арома на ванила... Твојот совет сега ми се гледа поприфатлив-фала ти :)
Албетина, идејата да пројдат празниците ти е на место. Сега и онака се деновите во изобилие од разноврсни делиции ;) Брзо се прават, па потаму , во згодна прилика... ;)
ју ар мај саншајн
мај онли саншајн
ју мејк ми фетииии :) :) :) :)
Srekni praznici!!!
хехе Теофанија, пак Џојс победи, само јас ја прераскажав :Р