Мафини подготвени на пареа
Најпрво, со најголема брзина на миксерот јајцата и шеќерот убаво изматете ги до кремаста структура. Потоа, смалете на најбавната брзина и постепено додадете ги и останатите состојки наведени до делот со прашокот за пециво.
Во една шолја за кафе одделете неколку лажици од смесата за мафини и во неа додадете од сината прехрамбена боја.
Останатата смеса поделете ја на 2 дела, од кои едниот ќе го обоите со црвена, розева или лилава боја.
За овој рецепт најдобро е да се користат засебни сликонски калапчиња или пак од групните, било да се силиконски или тефлонски во кои ќе вметнете книжни корпиња за мафини. Во вториот случај важно е големината на калапот за мафини да одговара на големината на садот кој ќе ја испушта пареата.
2/3 од модлите за мафини ги полниме засебно со бела и со црвена смеса. Во средината на секоја ставаме по една вишна и одозгора шараме со сината и жолтата смеса врз црвените, а со црвената и сината врз жолтите мафини.
Модлите ги редиме во еден рамен сад кој потоа го ставаме врз друг поголем, предходно наполнат со 2-3 прста вода (слично како постапката за топење на чоколадо на пареа). На крај, садот го поклопуваме со капак, кој целосно треба да ги покрива садовите или ако немаме таков, тогаш се служиме со алу-фолија.
Ги готвиме мафините на пареа 15-20 мин. Времетраењето зависи од силата на ринглата, како и од добрата покриеност на садовите одозгора со капакот, т.е. алу-фолијата. Ќе знаеме дека се готови, најпрво од око, а потоа и на допир кога ќе ја осетиме цврстината под прстите.
Лиценца: Сите права се задржани
Gi polnev vo plasticni caski za rakija , i gi pecev vo mikroto.
Patem, super se tvoite :)
Честитки!
Честитки и за тебе исто така маргарит4е :)