Видео рецепт: Тортички подготвени на пареа
Денес ќе готвиме еден од наградените рецепти на натпреварот Гурмет 8 во 1 пекач. Ќе го подготвиме рецептот на Клара, Тортички подготвени на пареа.
Готвењето на пареа е секогаш подобар избор отколку готвење на масло. Овој пат ќе ви покажеме како да подготвите Тортички на пареа, со помош на Гурмет 8 во 1 пекачот.
Подготовка
Чекор 1: Најпрво, со најголема брзина на миксерот, убаво изматете ги јајцата и шеќерот до кремаста структура. Потоа, намалете на најмалата брзина и постепено додадете ги млекото, ванилиниот шеќер, брашното и прашокот за печиво. Матете додека добиете рамномерна смеса.
Чекор 2: Поделете ја смесата на 2 дела, во секој од нив додадете по една прехранбена боја и убаво измешајте. Ако сакате да направите повеќе бои, поделете ја смесата на повеќе дела.
Чекор 3: Ставете ги корпите за мафини врз решетката за готвење на пареа во Гурмет 8 во 1 пекачот. Наполнете ги до 2/3 од висината со една од боите, а потоа со друга боја направете шара, бидете креативни. Во секоја корпа ставете и по една вишна во средината.
Чекор 4: Ставете една чаша вода на дното на Гурмет пекачот, поклопете го со капакот и гответе на функцијата (Steam`) Готвење на пареа, 20 минути. Проверете дали се готови со благо притискање со прст – треба да имаат сунѓереста текстура. Сервирајте веднаш!
СОВЕТ: Овие Тортички имаат навистина специфична структура, и се многу полесни за јадење во однос на печените. За посочен вкус, може да ги послужите со свежо сечкано или блендирано овошје!
Не убаво да сте ги направиле, ами најубаво! Со пекачот верувам дека е уште поедноставно да се подготват, а за слатката боја која сте им ја дале-немам зборови! :) Ви благодарам и се надевам дека во се допаднаа. Се сложувам дека не се како печените мафини а за послужувањето јас би додала дека можи и со некое омилено слатко или пак со пудинг од ванила :)
Интересен начинот на подготовка и прекрасно изгледаат и твоите и овие подготвени од МоиРецепти.
До сега немам подготвувано тесто на пареа, но ќе ме прелаже рецептов да пробам :)