Испечати

Видео рецепт: Тортички подготвени на пареа

Видео рецепт: Тортички подготвени на пареа

Состојки

  • 2 јајца
  • 140 гр. шеќер
  • 100 мл. млеко
  • 1 лажица ванилин шеќер
  • 200 гр. брашно
  • 2/3 пакетче прашок за печиво
  • 4 вишни
  • 1 лажица компот од вишни
  • 2 прехрамбени бои (црвена и зелена)
  • Силиконски или хартиени корпи за мафини

Денес ќе готвиме еден од наградените рецепти на натпреварот Гурмет 8 во 1 пекач. Ќе го подготвиме рецептот на Клара, Тортички подготвени на пареа.

Готвењето на пареа е секогаш подобар избор отколку готвење на масло. Овој пат ќе ви покажеме како да подготвите Тортички на пареа, со помош на Гурмет 8 во 1 пекачот.

Подготовка

Чекор 1: Најпрво, со најголема брзина на миксерот, убаво изматете ги јајцата и шеќерот до кремаста структура. Потоа, намалете на најмалата брзина и постепено додадете ги млекото, ванилиниот шеќер, брашното и прашокот за печиво. Матете додека добиете рамномерна смеса.

Чекор 2: Поделете ја смесата на 2 дела, во секој од нив додадете по една прехранбена боја и убаво измешајте. Ако сакате да направите повеќе бои, поделете ја смесата на повеќе дела.

Чекор 3: Ставете ги корпите за мафини врз решетката за готвење на пареа во Гурмет 8 во 1 пекачот. Наполнете ги до 2/3 од висината со една од боите, а потоа со друга боја направете шара, бидете креативни. Во секоја корпа ставете и по една вишна во средината.

Чекор 4: Ставете една чаша вода на дното на Гурмет пекачот, поклопете го со капакот и гответе на функцијата (Steam`) Готвење на пареа, 20 минути. Проверете дали се готови со благо притискање со прст – треба да имаат сунѓереста текстура. Сервирајте веднаш!

СОВЕТ: Овие Тортички имаат навистина специфична структура, и се многу полесни за јадење во однос на печените. За посочен вкус, може да ги послужите со свежо сечкано или блендирано овошје!