Канапеи, подготвени во Апарат Air Fryer за готвење со топол воздух
Уживав денес во прекрасниов појадок.
Потребно време ми беше десетина минути.
Превкуснооо...
Прво на парчињата леб од двете страни грубо им нанесуваме по малку путер.
Ги ставаме во садот на апаратот за готвење со топол воздух.
Гаудата ја сецкаме на 6 коцки.
На секоја коцка ставаме парченце млад кромид, ливчиња магдонос, може и босилек.
Секоја коцка ја завиткуваме во танка лента пршут.
И подготвените коцки ги ставме во садот на апаратот.
Печиме околу 10 минути на 180-200 с, додека не зарумени лепчето, а гаудата додека не почне да се растопува.
за тоа време подготвуваме малку салата, по 1 лажица по соспствен избор, кај мене зелка и марула.
На тајнирот од камен ги сервираме салатите, расфрламе зрна калинка.
Ги ставаме лепчињата, брускетите, врз нив коцките од пршут, гауда, капнуваме , 2-3 капки маслиново масло, попрскуваме со семки од сончоглед, сусам и консумираме веднаш.
Може да се подготви поголема количина како предлог за вкусно мезе со друштво, залиено со чаша бело, мускатно вино.
И секое парченце леб по желба може да се протрие со чешне лук...
Лиценца: Сите права се задржани