Мафини печени во Апарат за готвење со топол воздух
Ова беше првиот обид да се направат мафини во овој прекрасен апарат.
Се осмелувам да ги објавам, бидејќи изгледот не им е за чиста 5, од причина што кошничките ги преполнив.
Оваа доза е за 12 мафини, а јас направив 8.
Значи во садот точно збира по 4 големи хартиени подметачи за мафини, и секако треба да се наполнат до ¾ од нивната висина.
Бидејќи беа преполни со смеса, малку се деформираа во изгледот, но не беше уништен нивниот вкус.
Ги печев на 180 с 14-15 минути.
Совршено брзо беа готови.
Ова е моето искуство.
Во вангличка ги ставме јајцата и шеќерот и матиме смесата да побели.
Со исклучен миксер ги додаваме млекото, растопениот путер, просеано брашно, пециво, сода бикарбона, кора од портокал и сок од портокал.
Убаво ја изедначуваме цела смеса.
Ги полниме кошничките и ги печиме во Апарат за готвење со топол воздух
Оставаме малку да се изладат, па сервираме.
.
Лиценца: Сите права се задржани
Ama aj ke bide
во секој случај подобро ќе изгледале мафините доколку не се толку полни корпите, но за да бидат поправилни во Делимано Air Fryer пожелно е во некоја поцврста основа - како на пример силиконски мафини. И во тој случај нема да бидат прави како во рерна, затоа што поинаку циркулира воздухот.
Но, кога ќе се сетиме дека во него се готови за 12-15 минути, без претходно загревање на рерната, тогаш забораваме на правилниот облик :)
Поздрав
Zivotot e skolo
Bitno e deka e gotovo dodeka da trepnes