Мафини печени во Апарат за готвење со топол воздух
Состојки
- 2 јајца
- 3 лажици шеќер
- 1 лажица сок од портокал или мандарини
- 1 лажиче кора од портокал
- 70гр растопен путер
- 50мл млеко
- 100гр брашно
- 1 лажиче пециво
- на врвот на ножот сода бикарбона
- некое зрно сол
Подготовка
Ова беше првиот обид да се направат мафини во овој прекрасен апарат.
Се осмелувам да ги објавам, бидејќи изгледот не им е за чиста 5, од причина што кошничките ги преполнив.
Оваа доза е за 12 мафини, а јас направив 8.
Значи во садот точно збира по 4 големи хартиени подметачи за мафини, и секако треба да се наполнат до ¾ од нивната висина.
Бидејќи беа преполни со смеса, малку се деформираа во изгледот, но не беше уништен нивниот вкус.
Ги печев на 180 с 14-15 минути.
Совршено брзо беа готови.
Ова е моето искуство.
Во вангличка ги ставме јајцата и шеќерот и матиме смесата да побели.
Со исклучен миксер ги додаваме млекото, растопениот путер, просеано брашно, пециво, сода бикарбона, кора од портокал и сок од портокал.
Убаво ја изедначуваме цела смеса.
Ги полниме кошничките и ги печиме во Апарат за готвење со топол воздух
Оставаме малку да се изладат, па сервираме.
.