1. Јагодите се чистат од петелките и се мијат. Потоа се ставаат во поголемо тенџере ред јагоди, ред шеќер, да се заврши со шеќер. Пред да се стави последниот ред шеќер, се` се прелива со сокот од лимон. Тенџерето се покрива со капак и се остава во фрижидер 24 часа. За тоа време јагодите ќе пуштат сок, а шеќерот ќе биде делумно стопен.

2. Следниот ден се вари мармаладот. Ако сакате во мармаладот да има парчиња јагоди треба да го мешате дури се вари. Јас повеќе сакам кога е компактен, па затоа кога ќе се стопи шеќерот јагодите ги пасирам со рачен блендер. Ако не мешате или блендирате, ќе добиете слатко...
Мармаладот се вари околу 2 часа на среден оган. Јас вадам на чинивче и кога ќе се олади гледам дали е доволно густо. Внимавајте да не го преварите, но не чини и да е недоволно сварено.

3. На крај извадете ја пената и сипете го мармаладот во топли тегли. Наполнетите тегли завиткајте ги во ќебе и оставете ги така додека не се оладат.

4. Следниот ден теглите може да ги складирате на местото наменето за чување зимница.

Потоа уживајте цела година!

Фотографиите во овој рецепт се авторски фотографии.

Лиценца: Сите права се задржани