Мантии големи
Во подлабок сад се става брашното, лажичка сол, една чаша јогурт, маслото и јајцата. Во 160 мл. млака вода се става квасецот со една лажичка шеќер и се остава да стаса. Стасаниот квасец се додава во брашното и се замесува тестото. Се префрла тестото на работна маса посипана со брашно и се меси додека тестото не стане фино и мазно. Се враќа во садот се покрива со крпа и се остава да стасува 45 мин.а потоа повторно се размесува.
За тоа време главицата кромид ситно ја сечкаме и кратко се пропржува на масло, а потоа се додава и меленото месо и се заедно се пропржува. Зачинуваме по вкус.
Од тестото се прават 10 еднакви топчиња. Секое топче се развлекува во кора со големина на палачинка и се премачкува со маргарин, потоа се редат една врз друга сите претходно намачкани со маргарин само последната кора не се премачкува. Вака нареденото тесто се развлекува во еден голем правоаголник со дебелина од 0,5 цм. и се сечат коцки 10 х 10 цм. На секоја коцка се става по малку од подготвеното месо. Краевите на тестата се соединуваат на средината и се формираат топчиња. Се редат во намрсена тава со соединетите краеви надолу. Мантиите се печат во загреана рерна на 200 Ц. додека не добијат убава боја одозгора околу 30 мин. Јогуртот се соединува заедно со исечканиот лук и кога мантиите ќе се испечат се вадат од рерна, се преливаат со јогуртот и повторно се враќаат уште 2-3 мин. во исклучена рерна.
Лиценца: Криејтив Комонс - Наведи извор - Некомерцијално - Сподели под исти услови
Туку, колку јогурт треба да се стави? Го нема во состојките...
Fala ti:)
Ајде просветлете ме малку... Ако се овие големи, како изгледаат мали? Какви се тие од тегнето тесто? Има некој што се „оригинал“ за тие да ги правам?
Однапред благодарна :)))
хехе Алекса, ако ти е утеха и јас како тебе исто ни ги имам правено, ни знам дека сум пробала нешто вакво со ова име, иако ми е познато колку популарни се :) Исто така мислам да не се ставаме во трошоци дупли и јас и ти, ами правец кај Маја на пробање да си одиме хаха ем лесно, ем вкусно ;)
Драга Маја
За во иднина при пишување на рецептот подели ги состојките на ТЕСТО и ФИЛ.
Поздрав :)
A ova so sostojkite, pa ne mi zamerajte sum zaboravila kako treba ama ke se popravam za vo idnina vetuvam :))
pozdrav :)
Bube resiv da ja prekinam dietata zatoa e ova taka so receptite :))pozdrav do tebe:)