Испечати

Мантии големи

Мантии големи

Состојки

  • 750 гр. брашно
  • 130 гр. омекнат маргарин
  • 2 јајца
  • 2 лажици масло
  • 1 коцка свеж квасец
  • 160 мл. млака вода
  • 1 лажичка сол
  • 1 чаша (од по 200мл) јогурт
  • Фил
  • 500 гр мелено месо
  • 1 главица кромид
  • Прелив
  • 1 чаша (200мл) јогурт
  • 2-3 чешниња лук

Подготовка

Во подлабок сад се става брашното, лажичка сол, една чаша јогурт, маслото и јајцата. Во 160 мл. млака вода се става квасецот со една лажичка шеќер и се остава да стаса. Стасаниот квасец се додава во брашното и се замесува тестото. Се префрла тестото на работна маса посипана со брашно и се меси додека тестото не стане фино и мазно. Се враќа во садот се покрива со крпа и се остава да стасува 45 мин.а потоа повторно се размесува.

За тоа време главицата кромид ситно ја сечкаме и кратко се пропржува на масло, а потоа се додава и меленото месо и се заедно се пропржува. Зачинуваме по вкус.

Од тестото се прават 10 еднакви топчиња. Секое топче се развлекува во кора со големина на палачинка и се премачкува со маргарин, потоа се редат една врз друга сите претходно намачкани со маргарин само последната кора не се премачкува. Вака нареденото тесто се развлекува во еден голем правоаголник со дебелина од 0,5 цм. и се сечат коцки 10 х 10 цм. На секоја коцка се става по малку од подготвеното месо. Краевите на тестата се соединуваат на средината и се формираат топчиња. Се редат во намрсена тава со соединетите краеви надолу. Мантиите се печат во загреана рерна на 200 Ц. додека не добијат убава боја одозгора околу 30 мин. Јогуртот се соединува заедно со исечканиот лук и кога мантиите ќе се испечат се вадат од рерна, се преливаат со јогуртот и повторно се враќаат уште 2-3 мин. во исклучена рерна.