Јајцата и шеќерот убаво изматете ги. Постепено додадете ги маслото и водата и на крај со најмала брзина на миксерот или мешајќи со дрвена лажица додадете ги останатите состојки.
Плехот од шпоретот обложете го со пек хартија, а врз неа смесата за кексот.
Печете на 170Ц 10на мин.
Извадете го кексот од хартијата и сролајте го во навлажнета пацета.

Малините и шеќерот измикситајте ги, па вмешајте го маскарпонето и павлаката. Додадете го шлаг фиксот и на крај слатката павлака. Миксирајте само дедека се згусни. Слатката павлака можи да ја измиксирате и посебно, па после да ја измешате во кремот.

Одвиткајте го роланиот кекс. Нанесете поголем дел од кремот и завиткајте ролат. Со останатиот крем премачкајте одозгора. Оставете го во фрижидер да се стегни пред сечење.

Фотографиите во овој рецепт се авторски фотографии.

Лиценца: Сите права се задржани