19
окт
2014
Брз ролат со маскарпоне и слатка павлака
Изматете ги пенесто јајцата, шеќерот и ванилата.
Додајте го брашното и измешајте со жица.
Тавата во која ке печете премачкајте ја со масло и нанесете хартија за печење.
Истурете ја смесата во плехот и печете на 180 степени, 10-15 минути(проверете со чепклака).
Испечениот пандишпан завиткајте го во влажна крпа и оставете да се олади.
Во меѓувреме направете го филот.
Изматете ја слатката павлака со шеќерот во прав.
Додајте го маскарпонето и убаво измешајте со жица.
Премачкајте го оладениот пандишпан со филот и завиткајте во ролат.
Оставете го во фрижидер најмалку 1 час за да се стегне.
Лиценца: Сите права се задржани
Testoto go peces vo pleh od sporet ili vo pomal?
od rolatceto kasni 2 parcinja za mene