Не знам што да ви кажам, не се опишува вкус, чокомалинастиов вкус.Ќе треба да си пробате.Само сакам да додадам, идеална работа се готови кори за торта, особено за во летниот период. Нема матење, нема печење, а сепак идеи за комбинирање и создавањена слатки вкусови многу. Јас инаку бев скептик за кориве, ама сега веќе не, така да ќе следуваат уште рецепти со готови кори, кои сеуште ми се вртат низ мисливе како идеи, кои не успеав да ги реализирам во контекст на тековниов натпревар.
Подготовка
1. Кората Винчини ја сечеме по мерка на калапот и внимателно ја сместуваме во него.
2. Малините ги мелеме до каша во нутрибулет, потоа ги отстрануваме ситните семчиња. Им додаваме мед, промешуваме.
3. Го ставаме желатинот со околу 50 мл вода да се раствори, потоа го загреваме на ниска температура за да се растопи.
4. Слатката павлака ја матиме со шеќерот во прав, да згусне.
5. Додаваме киселата павлака и кашата од малини. Соединуваме со миксер.
6. Го додаваме и растопениот желатин и соединуваме со миксер.
7. Ренданото чоколадо го додаваме кон малинастата смеса, мешаме со лажица.
8. Го полниме калапот со филот.
9. Врз малинастиот фил ги редиме Винчини тортиците.
10. Оставаме добро да олади и потоа ја сервираме оваа малинаста вкусотија.
Забелешка
Висината на ролатот сами си ја одредуваме, за оваа доза треба да ни е повисок од калапот. Ако се повисоки од калапот за да не дојде до излегување на филот, ставете пластифицирани картони или нешто слично. Внимавајте кога ја ставате кората да не ви се искрши. Корите се навистина меки и ако внимателно работите со нив , баш ја завземаат положбата која ќе им ја одредите. Ролатот можете да го ладите и во замрзнувач, додека да се стегне филот. Инаку совршен е кога е добро изладен.