Малина
Хранливи вредности на малината:
Малината е дудинка со црвена боја и прекрасен вкус, една од најпопуларните дудинки во светот. Богата е со бројни растителни хранливи материи, витамини и минерали кои се есенцијални за одржување на доброто здравје.
Ботанички, растението е мала грмушка која припаѓа во фамилијата Rosaceae, од родот Rubus. Малината успева во регионите со умерена клима. Егзотичното растение потекнува од Европа, но денес се одгледува во многу региони со умерена клима низ целиот свет. Најголемите производители на малини се: Полска, Германија, Чиле и САД.
Научното име на малината е Rubus idaeus.
Неколку подвидови на малината се одгледуваат на неколку места, но најважната модерна сорта, црвената малина, е хибрид добиено со вкрстување на европската малина (Rubus idaeus) и американската малина (Rubus strigosus). Малините имаат вкус кој варира во зависност од сортата, од многу благ до кисел, карактеристика која ја делат со јагодите.
Технички, целата дудинка е збир од мали плодови кои се кружно наредени околу шупливото јадро. Секој ситен плод има мала, сочна пупла обвиена околу една, ситна, бело-жолта семка.
Малината има конусоидна форма, тежи од 3 до 4 грама и содржи од 80 до 100 ситни плодови, наредени во кружни слоеви. Иако најчестиот вид малина (Rubus idaeus) има црвено-розова боја, хибридните сорти можат да имаат најразлични нијанси, вклучително: црна, виолетова, портокалова, жолта и бела.
Здравствени придобивки од малината:
- Вкусните малини имаат ниска калорична вредност и мал процент на заситени масти, но се богат извор на растителни влакна и антиоксиданси. Во 100 грама свежи малини има само 52 калории и 6,5 грама растителни влакна.
- Малините содржат значително високи количини на фенолните флавоноидни фито-хемикалии, како што се: антоцијанини, елагична киселина (алфа-тианин), кверцитин, галичка киселина, цијанидини, пеларгонидини, катехини, кемпферол и салицилска киселина. Научните студии покажаа дека овие антиоксидантски соединенија имаат потенцијални здравствени придобивки во борбата против: рак, стареење, воспаленија и невродегеративни заболувања.
- Ксилитол, засладувачот со ниска калорична вредност се добива од малини. Ксилитолот содржи само 9,6 калории, за разлика од 15 калории во една лажица обичен шеќер. Ксилитолот се апсорбира побавно од обичниот шеќер и не го подигнува нивото на шеќер во крвта, па затоа може да биде многу корисен за луѓето кои страдаат од дијабетес.
- Свежите малини се одличен извор на витамин Ц, кој е моќен природен антиоксиданс. Во 100 грама свежи малини се содржани 26,2 микрограма витамин Ц. Конзумирањето храна богата со витамин Ц му помага на телото да развие отпорност кон инфективните агенси, да се бори со воспаленијата и да ги собере штетните слободни радикали.
- Малините содржат антиоксидантски витамини, како што се: витамин А и витамин Е. Покрај гореспоменатите антиоксиданси, тие исто така се богати и со други флавоноидни полифенолни антиоксиданси корисни за здравјето, како што се: лутеин, зеаксантин и бета-каротин, во помали количини. Заедно, овие соединенија служат како заштитни собирачи на оксигенските слободни радикали и реактивните оксигенски видови, кои играат значајна улога во процесот на стареење и во развојот на разни болести.
- Малините имаат ORAC вредност (апсорпциски капацитет на оксигенски радикали) 4.900 на 100 грама, што ги сместува помеѓу овошјата со најголема ORAC вредност.
- Малините содржат солидна количина минерали, како што се: калиум, манган, бакар, железо и магнезиум. Калиумот е важен дел од клеточните и телесните течности и помага во регулацијата на работата на срцето и крвниот притисок. Манганот се користи во телото како кофактор за антиоксидантскиот ензим супероксид дисмутас. Бакарот е неопходен за создавање на црвените крвни зрнца.
- Малините се богати со витамини од Б-комплексот, како и со витамин К. Содржат солидна количина од: витамин Б6, ниацин, рибофлавин и фолна киселина. Овие витамини имаат функција на кофактори во телото, кои помагаат во метаболизацијата на јаглехидратите, протеините и мастите.
Избор и складирање:
Малините обично се достапни во продавниците во текот на целата година, но сепак, најсвежи и најквалитетни се во периодот од јуни до октомври. Вообичаено, малините се подготвени за берба кога можат лесно да се скинат од стеблото и кога добиваат поизразена боја (црвена, црна, виолетова или златно-жолта, во зависност од сортата). Тоа е фазата од нивниот раст кога се најзрели и најблаги.
Во продавниците, барајте ги малините кои имаат сјајна, изразена боја и немаат знаци на оштетување, мувлосување или скапување. Избегнувајте ги малините кои се пропаднати или мувлосани, со избледена боја или делови со различна боја.
- Малините бргу се расипуваат и затоа треба да се купат неколку дена пред употребата. Пред да ги складирате во фрижидер, извадете ги оштетените или скапаните малини, за тие да не ги расипат останатите. Ставете ги во длабок сад или пак распоредете ги во обичен сад покриен со хартија и потоа покријте ги со најлонска фолија.
- Малините ќе останат свежи во фрижидер ден-два. Изедете ги колку што можете побргу, а доколку не ги јадете, замрзнете ги и чувајте ги во замрзнувач.
Употреба во кујната:
За да ги измиете малините, потопете ги во студена вода, во длабок сад. Оставете ги неколку секунди и во тоа време, неколкупати нежно промешајте ги. Ова помага да се отстранат евентуалните остатоци од песок, земја или инсектициди. Потоа, нежно избришете ги со хартија или мека крпа. Овој метод исто така им помага на јагодите да се приспособат на собната температура, што го засилува вкусот. Потоа отстранете ги дршките и зелените врвови, доколку ги има, со прсти или пак со нож.
Совети за приготвување:
- Свежите малини се одличен додаток за секоја овошна салата или пак за одредени зелени салати.
- Малините можат да бидат одлична ужина помеѓу оброци.
- Малините исто така се користат и за приготвување печива со овошје.
- Малините се многу популарни за додавање вкус во одредени млечни производи, како што се: милкшејк, сладолед, јогурт итн.
Здравствено предупредување:
Малините можат да предизвикаат сериозни алергиски реакции кај некои чувствителни лица. Најчестите симптоми на алергијата на малини се: потекување и вцрвенување на устата, усните и јазикот, егзема, исфрлање на кожата, главоболка, растечен нос, чешање на очите, отежнато дишење, гастроинтестинални потешкотии, депресија, хиперактивност и несоница. Лицата кои се сомневаат дека се алергични на малини треба да ги избегнуваат.
gi koristime maximalno svezi,vo sokovi,kolaci torti