Не знам што да ви кажам, не се опишува вкус...иако често се обидувам да го правам тоа...Ќе треба да си пробате...
Само сакам да додадам, идеална работа се готови кори за торта, особено во летниот период. Нема матење, нема печење, а сепак многу идеи за комбинирање и создавање на слатки вкусови.
Јас инаку бев скептик за кориве, никогаш не сум користела, ама отсега веќе не, така да ќе следуваат уште рецепти со готови кори Винчини, кои сеуште ми се вртат во мисливе како идеи, кои не успеав да ги реализирам во текот на натпреварот.

Подготовка
1. Кората Винчини ја сечеме по мерка на калапот во кој ќе го подготвуваме ролатот па внимателно ја сместуваме во него.
2. Малините ги мелеме до каша во нутрибулет, па потоа ги поминуваме низ сито, за да им ги отстраниме ситните семчиња. Им додаваме мед, промешуваме.
3. Го ставаме желатинот со околу 50 мл вода да се раствори, па потоа го загреваме на ниска температура за да се растопи.
4. Слатката павлака ја матиме со шеќерот во прав, да згусне.
5. Во неа ја додаваме киселата павлака и кашата од малини. Соединуваме со миксер.
6. Го додаваме и растопениот желатин и соединуваме со миксер.
7. Ренданото чоколадо го додаваме кон малинастата смеса, промешуваме со лажица.
8. Го полниме калапот со филот.
9. Врз малинастиот фил ги редиме Винчини тортиците.
10. Оставаме добро да олади и потоа ја сервираме оваа малинаста вкусотија, ја превртуваме на тањир и ја филуваме по желба и вкус.
Јас изматив слатка павлака со 2-3 лажици шеќер, ја ставив во шприц и така го украсив ролатов.

Забелешка
Висината на ролатот сами си ја одредуваме, ама за оваа доза на состојки треба да ни е повисок од калапот (барем од тие старите калапи кои што се користеа за срнечки грб). Ако се повисоки од калапот за да странично не дојде до излегување на филот, ставете пластифицирани картони или нешто слично.
Внимавајте кога ја ставате кората да не ви се искрши. Корите се навистина меки и ако внимателно работите со нив, баш ја завземаат положбата која ќе им ја одредите.
Ролатот можете да го ладите и во замрзнувач, се додека да се стегне филот. Инаку е совршен кога е добро изладен, како сладолед е.

Фотографиите во овој рецепт се авторски фотографии.

Лиценца: Сите права се задржани