Макала од модар патлиџан и тиквичка
Две различни макала, брзи за спремање и вкусни. Може да бидат како прилог за ручек или да си намачкате на лепче и да уживате.
Макало 1
1. Модрите патлиџани исчистете ги, пресечете на половина и ставете да се печат во загреана рерна. Кога се готови, оставете малку да се изладат, па излупете ги и раскинете на парчиња (за полесно толчење).
2. Лукчете исчистете го и ставете го во садот за толчење со малку сол. Истолчете го убаво па додадете ги парчињата модар патлиџан и продолжете со толчење. Кога ќе добиете убава смеса, посолете по вкус и додадете малку бибер, промешајте па додадете ја павлаката. Убаво измешајте да се соедини, префрлете во сад и ставете во фрижидер.
Макало 2
1. Тиквичката измијте ја и исецкајте ја на коцки. Во тава на оган ставете малку зејтин убаво да се загрее и потоа ставете ги парчињата тиквичка да се пржат. Не ги ставајте сите наеднаш затоа што тиквичката ќе се динста наместо да се пржи. Потоа оставете убаво да се изладат.
2. Лукчето ставете го во садот за толчење со малку сол и направете паста. Исцедете ги тиквичките од вишокот зејтин па ставете ги и нив во садот. Овој пат не толчиме туку со лажица убаво промешајте за да се соедини лукчето со тиквичката. Посолете по вкус и додадете ја павлаката. Измешајте, префрлете во сад и ставете во фрижидер.
Добар апетит.
*Најдобро би било доколку ги подготвите од вечер за следниот ден за да може да се стегнат и убаво да се соединат вкусовите.
Во однос на количините, пишав колку мене ми беше потребно за да ги подготвам.
Лиценца: Сите права се задржани
ke si gi zacuvam vo omileni:)
и јас го правам истото макало со модриот патлиџан, а баш сега испратив салата со тиквица, но мојата варена за поздраво да биди, без пржење во масло :))
Бети морав да се поправам малку, да не ме караат од МоиРецепти :))) ... долните слики се вечерно сликани, а наредниот ден се погоди убаво сончево и малку технологија ете бидна :)
Албетина, да секако може и во блендер ... јас го избегнувам за да не ми биде како паста, вака има има и поголеми парченца.
Мирјана, да го видов пред моите да ги пратам, си викам ај малку се разликува :))) ... инаку имам пробано и со ореви и ми се допадна многу, но домашните некако се бунат, демек ореви само за во благо биле и ајде вака без :)))
А што се однесува до тиквичката имам пробано со печена без зејтин и некако ми немаше вкус, а овде сум заборавила да напишам ... многу малку зејтин ставам во тавата, а потоа ги префрлам на салфетка за и вишокот да се впие. Го чекаме и твојот рецепт :)
Makalata se super, odlicni. Jas poveke na toa tikvenoto ke se zagledam zasega ;)
Инаку да ја видов кинеската салата и ме бендиса многу :)