17
јан
2014
Линц колач од бадеми
Ова е омилениот зимски колач на љубениот.
Подготовката е многу лесна, а вкусот фантастичен!
Одвојте ја едната жолчка и сите состојки освен неа и мармаладот ставете ги во сад за матење. Матете со перки за тесто до изедначување на смесата. Околу 2/3 од тестото ставете на хартија за печење во округло тавче и врз него ставете го мармаладот. Остатокот од тестото размесете го и со ноже исечете лентички кои ќе ги редите врз мармаладот правејќи баклави.
Со жолчката (може да додадете и сосема малку млеко) премачкајте ги лентичките. Се пече на температура од 180 до 200 степени триесетина минути.
Лиценца: Криејтив Комонс - Наведи извор - Некомерцијално - Сподели под исти услови
Kolacot za petka ti e :)