Колач со фил од бадеми
1. За подготовка на тестото, најпрво растопете го квасецот со 2 лажички шеќер и малку млако млеко (намалете од наведените состојки) и оставете го да одстои 15-20 мин. Потоа додадете ги преостанатите состојки и замесете меко тесто кое нема да се лепи за рацете. Оставете го да стаса.
2. За тоа време подгответе го филот. Сувото грозје ставете го во румот малку да одстои. Ако не ви се допаѓа вкусот на рум слободно заменете го со сок од портокал или едноставно со вода. Путерот растопете го на оган, додадете го шеќерот и преостанатите состојки освен сувото грозје.
3. Стасаното тесто, расукајте го во правоаголна кора со дебелина 3-4 мм. Премачкајте го млакиот фил и посипете со исцеденото суво грозје. Завиткајте го колачот, спојте ги краевите и ставете го во тавата/куглофот за печење, да стаса.
Печете го на 180Ц додека не добие убава боја.
4. Кога ќе се олади премачкајте го со глазурата која ќе ја направите од изматените белки со шеќерот во прав.
Колачот е многу мек и убав, а филот му дава посебен вкус. Пробајте!!!
Лиценца: Криејтив Комонс - Наведи извор - Некомерцијално - Сподели под исти услови
Е сега, покрај ѕиркањето на оваа вкусотија, а одамна се спремам, дојде ред и да те „искарам“:) Стави некоја слика на твојот профил, тешко ми е вака „празна“ да те гледам :)