Лепињи
1. Квасецот, шеќерот и водата растворете ги, додајте малку брашно и оствете да стаса.
2. Брашното пресејте го, додајте ја солата, стасаниот квасец и млекото. Замесете не многу тврдо тесто. Оставете на околу 1 саат време да стаса.
3. Префрлете го тестото на работна површина, размесете и поделете и направете 8 топки. Покријте ги и оставете ги на 10 минути а се одмори тестото.
4. Со дланката секоја топка налегнете ја во дебелина од околу 1 прст оформувајки лепиња (не со сукало), пренесете ги на плех постелен со пек папир. Со тапата страна од ножот направете линии врз тестото во хоризонтална и вертикална страна, покријте ги со влажна крпа - а преку неа ставете сува. Нека стојат околу 1/2 час.
5. Ставете ги да се печат во предходно загреана рерна на 250 степени.
Забелешка
Пред да ги печете можете да ставете одозгора и некој зачин. Јас ставам исклучиво Чурекот.
Подобро е да се печат за едно ниво погоре. Горниот грејач да е поблизу до тестото бидејки така добивате подобар резултат. Тие се надигнат многу повеќе и средината им е празна или како знам да кажам за нив - воздушни лепињи.
Уживајте.... предобри се!
Лиценца: Сите права се задржани
млако, млако... а многу пати кога спремам тесто одвечер за утре сабајле, ско ладно млеко и вода замесувам, ставам ванглата во фрижидерот обичен, па утрето поранко додека спијат другите, јас веке сум ги испекла...
uste edna snimka sto prosliot pat ne uspeav daja zakacam...
очигледно ќе мора да ги биде во скоро :)
туку, љиљо, веќе месец дена ми се спремни сликите за кајмак, кисело млеко, домашно сирење, домашна урда, ама некако не се наканив да ги ставам. се мислам дали се рецепти, а од друг страна, не сакам да не ги ставам бидејки некому ќе му се најдат :)
ќе ги ставам деновиве :)
Инаку незнам твојот шекерко за кои босанчици мисли...има едни пецива со готови кори кои ги викаат босанчици...а ова се босански лепињи... па и нив ги има на милион врсти..Јас имам повеке рецепти...па кои како ке ги спрема и ке ги поставувам овде ако не ме мрзи...