Квасецот се става во водата заедно со шеќерот и 2лажици брашно да стаса. Одкако ќе стаса се меси тесто со брашното и јогуртот.
Зејтинот постепено се додава за тестото да стане повоздушесто.
Тестото се остава да стаса, а потоа на побрашнета маса се формираат лепиње по желба. Од оваа смеса јас обично правам 14-16 парчиња. Лепињете се оставаат да стасаат, се премачкуваат со малку зејтин и водичка и се печат.
Овие лепиње мошат и да се полнат со фил по желба и кај мене неколку се полнети со сирење, а другите празни по желба на домашните.

Фотографиите во овој рецепт се авторски фотографии.

Лиценца: Криејтив Комонс - Наведи извор - Некомерцијално - Без адаптирани дела