Во садот за мешање соединете половина од брашното, шеќерот, солта и квасецот.
Потоа додадете го млакото млеко и растопениот или омекнат путер.
Почнете да месите со постепено додавање на останатото брашно, се додека тестото не почне да се одвојува од прстите. Оставете го потоа да се дуплира.

Кромидот ситно исецкајте го и пропржете го кратко во масло, а потоа додадете го и меленото месо. Јас ги пржам секогаш заедно. Не сакам кога ми мириса на пржен кромид јадењето, а и полесно е така за стомакот.
Кога добро ќе се пропржи месото, додадете го доматното пире и зачините. Кога ќе испари вишокот течност додадете ја на крај и пченката. Јас немав во моментот, па не ставив, ништо страшно.

Стасаното тесто расучете го на дебелина од половина сантиметар и со поголема чаша од некои 8см вадете кругови, кои ќе ги полните со по една лажичка фил во средината. Краевите превиткајте ги, убаво залепете ги и редете ги во подмачкан плех со лепената страна на долу.
Одозгора премачкајте ги со јајце и наросете ги со сусам.
Печете во загреана рерна на 200 степени додека не поруменат.
На здравје!

Фотографиите во овој рецепт се авторски фотографии.

Лиценца: Сите права се задржани