Испечати

Лепињи

Лепињи

Состојки

  • 1 кгр. брашно
  • 2 врекички истант квасец или 40 гр. свеж
  • 1 лажица шекер
  • 2 лажици сол
  • 150 мл. вода
  • 500 мл. млеко

Подготовка

1. Квасецот, шеќерот и водата растворете ги, додајте малку брашно и оствете да стаса.
2. Брашното пресејте го, додајте ја солата, стасаниот квасец и млекото. Замесете не многу тврдо тесто. Оставете на околу 1 саат време да стаса.
3. Префрлете го тестото на работна површина, размесете и поделете и направете 8 топки. Покријте ги и оставете ги на 10 минути а се одмори тестото.
4. Со дланката секоја топка налегнете ја во дебелина од околу 1 прст оформувајки лепиња (не со сукало), пренесете ги на плех постелен со пек папир. Со тапата страна од ножот направете линии врз тестото во хоризонтална и вертикална страна, покријте ги со влажна крпа - а преку неа ставете сува. Нека стојат околу 1/2 час.
5. Ставете ги да се печат во предходно загреана рерна на 250 степени.
Забелешка
Пред да ги печете можете да ставете одозгора и некој зачин. Јас ставам исклучиво Чурекот.
Подобро е да се печат за едно ниво погоре. Горниот грејач да е поблизу до тестото бидејки така добивате подобар резултат. Тие се надигнат многу повеќе и средината им е празна или како знам да кажам за нив - воздушни лепињи.
Уживајте.... предобри се!