Кроасани со моркови и премаз од сенф
Овој рецепт ми го кажа една пријателка која ја запознав на интернет, а се дружиме и во вистинскиот живот. Многу често го правам, бидејќи не само што се лесни, туку се и вкусни, а може да поминат и како посни кифли, кога се пости со масло.
1. Квасецот се става во малку млака вода, со малку шеќер и брашно, да се растопи убаво и да скисне.
2. Морковите се варат и блендираат.
3. Во длабок сад се мешаат брашното, шеќерот и солта, се додаваат морковите, маслото и квасецот и се замесува меко тесто. По потреба може да се додаде млака вода или брашно, важно е тестото да биде меко и да не се лепи многу.
4. Добиеното тесто се дели на два дела. Секој од овие два дела се дели на уште четири делови.
5. На набрашнета површина од секое делче се сука кора, се мачка со маргарин и се редат една над друга, при што последната кора не се мачка со маргарин.
6. Вака наредените кори (4) се расукуваат во нова кора со дебелина од половина сантиметар. Се сече на 8 или 16 делови (зависно колкава големина сакате) и се виткаат кифли.
7. Истото се повторува и со другиот дел од тестото.
8. Кифлите се премачкуваат со сенф растворен со млака вода и се попрскуваат со сусам. Се печат на 180 степени околу 20-30 минути, зависно од рерната.
Може да го киснете квасецот пред да ги замесите кифлите, исто може и кифлите да се киснат пред печењето. Ама јас не го правам тоа, оти тогаш не ми личат на кроасани, туку на класични домашни кифли.
Лиценца: Криејтив Комонс - Наведи извор - Некомерцијално - Сподели под исти услови
kifli;ki so morkov namoj nacin i mnogu se vkusni
Dobredojde:)
Marid, премазот им дава особен шмек, некоја слаткост. Може да пробаш за било какви кифли, ќе се изненадиш :)