Премаз
Се мешаат зејтинот и водата, а потоа со вилушка убаво се мати и јајцето. Во поголем сад се додаваат и брашното и пецивото и убаво се изматува со вилушка.

Фил
Сирењето се дроби со вилушка и се меша со павлаката и јајцето. Во зависност од соленоста на сирењето може да се додаде сол, а ако е солено може да се стави повеке павлака.

Се зема една кора и со четка се премачкува со премазот убаво да се натопи. Над неа се става друга кора над која се поросува филот и се мота ролничка. Така се постапува со сите кори и корите се редат во подмачкан плех.
Одозгора се премачкуваат со преостанатиот премаз и се оставаат да одморат 10 минути додека се загрее рерната.
Се печат околу 20 минути на 180 степени.
Премазот ги обогатува и подомекнува корите и се добива ефект на домашно тегнати кори.

Фотографиите во овој рецепт се авторски фотографии.

Лиценца: Криејтив Комонс - Наведи извор - Некомерцијално - Без адаптирани дела